Многу родители си го поставуваат прашањето кога е вистинското време детето да добие мобилен телефон.
Ако го прашате за ова еден од најголемите технолошки гиганти, основач на корпорацијата Мајкрософт и голем филантроп Бил Гејтс, еве што ќе ви каже:
-Во нашата куќа мобилните телефони не се користат во текот на оброкот, а децата своите први телефони ги добија на 14 години, иако пред тоа се жалеа дека многу нивни пријатели веќе долго имаат“, рекол Бил Гејтс во интервју за The Mirror.