Едно лице го загуби животот денеска во сообраќајна несреќа што се случила попладнето на патот Прилеп – Мажучиште, на излезот од градот кај Институтот за тутун.
Според Гордана Николовска Димеска, лекарка во Службата за итна помош во Прилеп, повик за интервенција добиле малку по 15 часот.
– Две екипи од Итната медицинска помош интервенираа на повикот малку по 15 часот за сообраќајна несреќа. На самото место констатиравме дека едно лице починало по здобиени тешки повреди на самото место на несреќата – изјави Николовска Димеска.
Увид на местото на несреќата каде што се судриле возило „лада самара“ и „мерцедес“ направија полицијата и јавен обвинител од прилепското Основно јавно обвинителство.
Според првичните информации од Службата за итна медицинска помош во сообраќајката животот го загуби 46-годишниот З.Ј. од селото Сарандиново, општина Долнени. Обдукцијата ќе треба да ги утврди причините за смртта.
Сообраќајот на патот Прилеп- Мажучиште беше во прекин околу еден час