Деновите на слава и херојство во среда одново ќе заживеат: На Митровден ЛАВОВИТЕ ќе бидат во црквата Св. Петка во Лениште

Во среда на големиот христијански празник Св. Великомаченик Димитриј Митровден, во црквата Св. Петка во село Лениште, припадниците на единицата за брза интервенција “ЛАВОВИ”, ќе ја продолжат традицијата на чествување на нивниот заштитник.

“Браќа и сестри (сите поддржувачи на македонскиот заштитнички дух), чест ми е да ве поканам на ден 8.11.2017 (среда) заеднички да ја продолжиме лавовската традиција (чевствување на светецот Великомаченик Димитриј, нашиот заштитник, во црквата Св. Петка во село Лениште прилепско. Литургијата започнува во 8:30 часот утрото, а предвиден е и празничен ручек. Заеднички да се потсетиме на деновите на херојство и одбрана на државата”, стои во поканата од Дејан Тодороски – Директорот, кој е домаќин на настанот.

Во моменти кога во државата ни се случуваат еден куп настани кои го разнебитуваат македонското ткиво и го разединуваат македонскиот народ, ваквите случувања се добредојдени за одново да се прошири малку љубов кон татковината, а со потсетувањето на деновите кога со крв се бранеше државата, да се заборави на политичката заостреност и конфронтација.

Секој добронамерник ќе може да ги запознае луѓето кои во 2001 година вградија дел од себе за мирот одново да се врати во нашата држава.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.