Денеска го славиме големиот пророк – направете го ова и сочувајте го домот од зло и несреќа

21148187101548917020636011552830676n

Според календарот на МПЦ денеска е 27. август, ден посветен на Светиот пророк Михеј II.

Бил родум од племето Јудино, потекнувал од селото Мориси, па го нарекувале Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Езекија. Ги изобличувал пороците на својот народ и лажните пророци коишто пророкувале „за вино и жесток пијалок“. Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажал и пропаста на Ерусалим, која ќе дојде зашто поглаварите негови ќе земаат мито, свештениците ќе учат за плата, а неговите пророци ќе гатаат за пари. „Затоа, заради вас, Сион ќе се преора како нива и Ерусалим ќе стане како купиште.“

Од сите пророштва на Михеј најважно е она за Месијата, особено за местото на неговото раѓање. Тој го именувал Витлеем како место на раѓање на Месијата, на Кого исходот му е од почетокот, од вечните времиња.

Не се знае точно дали и овој пророк бил убиен од Евреите или умре со мирна смрт (Еремија 26, 18-19). Но, се знае дека бил погребан во неговото родно село и дека моштите му ги пронашле заедно со моштите на Пророкот Авакум, во времето на царот Теодосиј Велики, според таинствено откровение што го имал Елевтерополскиот епископ Зевин.

Преданието вели дека денеска треба да се отиде во црква и да сепомоли на овој светец, а Тој секако оној кој му се обраќа со чисто срце ќе го заштити од зло и несреќи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.