Попладнево Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за оставката на досегашниот лидер на партијата, Никола Груевски. На седницата денеска треба да се потврди одлуката за вонреден конгрес на партијата што ќе се одржи во Валандово на 23 декември.
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја образложи оставката.
За кормилото на партијата прв се огласи Филип Петровски, а неофицијално се споменуваат и имињата на Христијан Мицкоски, Илија Димовски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски.