Веста за смртта на тригодишниот Дејан, син на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ ја потресе Србија.
Во семејниот дом на Тодоровиќ на Врачар владее преголема тага, а сопругата на Срѓан, Ана и мајка на малиот Дејан едвај смогнала сила да прозбори за смртта на својот единец.
-Вчера беше сосема обичен ден, бевме на контрола, бидејќи Дејан беше болен, пиеше антибиотик. Околу пет часот легна да спие. Заспа и два и пол часа подоцна се обидов да го разбудам.
Беше потонат во постелнината, а усните му беа модри. Се исплашив и вриснав. Се обидов да го разбудам, но неуспешно.
Деки не беше алергичен на антибиотици. Мене неговата смрт ми е мистериозна. Никогаш порано не бил болен – додада неутешната мајка и открила дека таа и Жика се обиделе да го реанимираат синчето додека дошла Брзата помош, но безуспешно.