Второто читање на предлог Законот за употреба на јазиците ќе се најде на утрешниот дневен ред на 27-та седница на Собранието на Република Македонија.
Иако многумина неверуваа и често овој закон беше нарекуван измислица на претходната Влада, сепак истиот го дочека своето второ читање во Собранието, и веројатно ќе биде и донесен за брзо време.
Седницата која беше закажана на 25.12.2017 започнува утре со почеток од 11 часот.
На дневен ред се 33 точки, а предлог Законот за употреба на јазиците е сместен на 24 точка со ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ.
На веб страната на Собранието се прикачени и основните и придружни документи околу овој Закон.
Што се опфаќа овој Закон, погледнете ТУКА