На 5 мај се одржа државното првенство во атлетика организирано од страна на Федерацијата на училишни спортови.
Учениците од СОУ “Мирче Ацев” – Прилеп од првенството се вратија со 2 златни медали.
Ученикот Леонид Вандески го освои првото место во дисциплина – Трчање на 1000м.
Ученичката Дафина Настеска го освои првото место во дисциплина – Фрлање на ѓуле.
И останатите ученици постигнаа завидни резултати. Ментор на гимназиската екипа по атлетика е професорот по спорт Даниел Василески.
Гимназијата секогаш била и останува и понатаму расадник за спортски таленти.