Два земјотреси утрово ја стресоа Македонија

Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот во Скопје е регистриран во 08:03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје.

Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот во Охрид е со Рихтерова магнитуда од 2,1 и е почуствуван во 02:26 часот. Земјотресот е со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот во Скопје е регистриран во 08:03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,4 и е почувствуван од населението во Скопје и околина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.