Вчера околу 04:00 часот во близина на “Реклами” во центарот на Прилеп, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир по претходно случена сообраќајна незгода.
Лицата В.Т. (38) и С.Р. (22) предизвикале и учествувале во тепачка, растргувајќи се помеѓу себе, разменувајќи си по неколку удари со тупаници по главата и телото, при што си нанеле видливи повреди, информираат од СВР Битола.