Дванаесет претстави во конкуренција за награди за награди на 52-то издание на фестивалот ,,Војдан Чернодрински,,

ПРАЗНИКОТ НА ТЕАТАРОТ ОД 9 – 16 ЈУНИ

 

Ljubovnite_pozi_na_istorijata_na__MTF

Точно 12 претстави ќе бидат во конкуренција за награди на 52-то издание на фестивалот ,,Војдан Чернодрински,, од 9 до 16  јуни. Уметничкиот директор и селектор на фестивалот, објави уметничкиот директор на Фестивалот Петар Темелкоски. Годинешен носител на наградата за животно дело е академик Митко Маџунков, кој ја разбранува јавноста и од чии ставови се оградија дел од неговите колеги.

Во трката за награди ќе бидат претставите „Тартиф” од Молиер во режија на Галин Стоев во изведба на Македонскиот народен театар, „Венецијанскиот трговец” од Шекспир во режија на Наташа Поплавска на Драмскиот театар-Скопје,„Трудна приказна” на Благица Секуловска во режија на Лидија Дедовиќ на Театар Комедија од Скопје. Во фестивалски лаври ќе се играат актерите во претставите„Ана Комнена” во режија на Ненад Витанов во изведба на Велешкиот театар, „Вечера на ронките” во режија на Кендрим Ријани од Албанскиот театар-Скопје, „Отело” на Шекспир во режија на Деан Пројковски на Турскиот театар-Скопје,„Лазаревото писмо” во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на Народниот театар од Штип, „Злосторство и казна” од Достоевски во режија на Диего де Бреа на Народниот театар од Битола, „Џон Габриел Боркман” во режија на Горан Тренчовски на Народниот театар од Струмица, „Хај Фај” на Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи во изведба на Народниот театар од Куманово, „Аналфабет” во режија на Горан Ризевски на Народниот театар од Охрид и „Љубовни пози на историјата” од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска во изведба на ансамблот на театарот ,,Војдан Чернодрински,,.

Овие претстави ќе бидат во конкуренција за шесте главни награди на фестивалот, за најдобра машка и женска улога, за најдобар млад актер и актерка, режија како и највисоката гран-при награда на фестивалот – „Војдан Чернодрински”.

Распоредот уште не е познат, оти зависи од усогласувањето на ангажманите на театрите.

Петар Темелковски рече дека жирито уште не е формирано и ќе биде соопштено дополнително. Додаде дека секоја година има по три врвни претстави на фестивалот и жири комисијата заседава и по неколку часа да го соопшти победникот на фестивалот.

– И годинава ќе има некои новини, но тоа сега не го соопштуваме – рече Темелковски

Тој најавуви дека некои од претставите како лани ќе гостуваат во други театари во земјава.

– Со автобуси прилепска публика планираме да гостуваме во Струмичкиот театар. Со тоа ги иницираме надлежните дека на Прилеп му е потребна нова театарска зграда, бидејќи сегашната е руинирана – потенцира Темелковски.

Фестивалот го финансираат Министерството за култура и општината Прилеп.

 

Извор: Неделник Зенит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.