Пред самиот почеток на денешната седница, Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев порача од собраниската говорница дека оваа несериозна Влада наместо да се фати за работа за сериозните забелешки од Извештајот за напредокот на Македонија, тие се занимаваат со организирање на чочеци по тунели, забави и коктели.
-Могерини ви кажа дека треба да се работи и да не се трошат залудно ниту десет минути, а не да се организираат чочеци, забави и коктели.
Имено, во знак на револт за несериозноста на Владата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на самиот почеток им пуштаа чочеци на пратениците од парламентарното мнозинство.