Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денеска на прес конференција нападна сограѓанка.
Првото прашање кое го постави денеска градоначалникот на граѓани кои го прашаа и му укажаа на нивните маки и проблеми кои ги имаат беше:
– Што си толку невротична ??!
Дамјановски не можејќи да ја поднесе вистината на трезно која му ја кажаа во очи заедно со своето обезбедување и советници ги нападна физички жените и ги тргнаа настрана. Расправијата продолжи на висок тон со навреди кон граѓаните и од Дамјановски и од неговото обезбедување.
Граѓаните од населеното место Перо Чичо во Куманово имаат големи комунални проблеми за кои градоначалникот дури после 12 години почна да се интересира, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово почнаа да ги прозиваат и да работат на терен со граѓаните.
Граѓаните се жалат пред камерите дека се заборавени од Градоначалникот во секоја смисла. Рекоа дека ги имаат подмирено уште пред 30 години сите комунални давачки кон општината, но што општината направи за нив. Покрај тоа што ги подмириле давачките, тие и гласаале за СДС.
Видно разочарани од СДСМ, Дамјановски, од нивната некултура и неработење граѓаните се разидоа по дома и го оставија сам да се слика со неговите НЕ дела. Жителката му порача дека е спротивност на Алаула и оти не наследил ништо од него.
Извор: Курир