Според приказните Дедо Мраз подароците ги дели од 9 часот на вечер до 7 на утро, а ако се земе во предвид дека планетата се движи од исток кон запад и дека ја следи временската зона, за целата работа тој на располагање има вкупно 34 часа.
За да стигне на време да ги посети сите 100 милиони квадратни километри од копнениот дел на Земјата и да посети барем 750 милиони куќи, Дедо Мраз мора да се движи со брзина од 25.000 километри во секунда, брзина која е една десеттина од брзината на светлината.
Од друга страна, ако претпоставиме дека во моменталните геополитички околности подарок добива барем една четвртина од планетата, може да се процени дека Дедо Мраз може да подели 750 милиони подароци во една ноќ.