Цела Македонија со нетрпение го очекува вториот настап на фудбалската репрезентација до 21 година на Европското првенство во Полска.
Во првата утакмица Македонија загуби од Шапнија, но имаќи го предвид фактот што шпанската репрезентација е можеби најголем фаворит за освојување на првенството, ова и не е толку страшно. И во оваа утакмица Македонците покажаа храброст, дрскост и колективна игра. Се играше до последната минута, но за жал ѕвездите на шпанскиот состав ги искористија сите можности кои им се пружија.
Прилепчанецот Марјан Радески во неколку наврати се закани кон голот на Шпанија, но не успеа да поентира. Се надеваме дека денес ќе има повеќе среќа и ќе биде прв стрелец за Македонија на дебитантското Европско првенство.
Сигурни сме дека Македонците и денес ќе излезат храбро, без респект и ќе слават против поранешниот европски шампион Србија.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА !!!