Во пророштвото на непознат германски свештеник од 17 век се пишува за земјата која ќе доживее и преживее две страшни војни.
Пророштвото е објавено во книгата “Тајните на пророкот” и го опишува 21 век како најизопачен од сите претходни, но се пишува и за земјата која се наоѓа на јужниот дел од Европа и која ќе се претвори во храм Божји.
“Во многу држави децата ќе се кренат против своите родители, граѓаните против власта, верниците против Бога, целото човештво ќе се бори против поредокот.
Ќе започне војна во која смртоносно оружје ќе паѓа од небото, на начин кој претходно не е виден.
Ќе има привремен застој, а потоа во продолжението на таа војна, целиот свет “ќе се преврти”.
“Една убава земја која се наоѓа на југот од Европа или на Блискиот Исток, ќе се обидат да ја уништат. Во таа земја ќе се кршат копјата на светските сили.
Поради таа земја многу народи ќе војуваат, а народот кој ја населува ќе биде во опасност од уништување.
Кога ќе помине војната земјата повторно ќе се роди, ќе ја води крал, кој најпрво ќе биде омразен од народот, но потоа се ќе се смени. Народот ќе го сака и ќе му се поклонува.
Во таа земја Бог го створил Адам, а некогаш тука била рајската градина. Многу ќе се обидат да ја уништат, но на крајот оваа држава ќе преживее и ќе се претвори во храм Божји…”.
Ф.Г.