Со невиден цинизам и потсмевање кон државотворниот, национален празник Илинден, премиерот на соседна Бугарија попладнево од говорницата во Владата на Р.Македонија во присуство на Зоран Заев изјави дека, ако сме сакале да се вратиме на војните за големи држави тогаш нема проблем
Кој национален празник? Не разбирам? – запраша Борисов откако новинарката на агенцијата „Макфакс“ праша зошто токму денес, на националниот празник на Македонија тој одлучил да дојде во Македонија и да го потпише договорот.
На ова, бугарскиот премиер одговори дека тоа е заеднички празник, додавајќи дека се работи за Илинденско-Преображенско востание. Тој продолжи со исмевањето на најважниот празник на Македонската држава прашувајќи „Ако сакате да се степаме тука?“
За целото време, додека Борисов го понижуваше Илинденското востание и Македонската држава, Зоран Заев се задоволно се смешкаше.
Извор: Инфомакс