Петнаесеттото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе биде навистина посебно и возбудливо. Организаторите веќе ги објавија поголемиот број на имиња кои ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп. Меѓу нив се: “Aмадеус Бенд”, големата ѕвезда Ален Исламовиќ, домашните бендови “Нокаут”, “Eye Cue”, реге ѕвездата Дон Минот, поп-рок атракцијата од Хрватска “Психомодо Поп”, оркестарот “Џамбо Агушеви”, а денеска позната е и една од најголемите балкански ѕвезди која ќе застане пред илјадниците посетители на фестивалот, Северина.
Пејачката од Хрватска ќе ја гледаме на последната фестивалска вечер, како главно финале за годинешниот “Пиво Фест”.
А.Г.