Полесни повреди добил пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски, велат од ургетен за Инфомакс, откако попладнево истиот бил физички нападнат од засега непознато лице на плоштадот „Македонија“ во Скопје
Напаѓачот успеал да го удри со тупаници и шлаканици по телото и главата, по што си заминал. Како што дознаваме, ниту Милевски не знае која е причината за нападот, а ниту полицијата има информации.
Од ургентниот центар велат дека повредите се површни, а дека по прегледот и изготвеното лекарско уверение за здобиените повреди Милевски е пуштен на домашно лекување.
Неофицијално, се работи за револтиран граѓанин поради начинот на кој Милевски гласал во Собранието на Р.Македонија по однос на законот за јазици, кога на 14. март кршејќи ги сите деловнички процедури и Уставни овластувања, шверцерски беше „изгласан“ законот со кој дефакто се воведува двојазичност во државата.
Освен Милевски, пратениците од владеачкото мнозинство беа мета на револтирани граѓани кои протестираа пред нивните домови во текот на изминатата недела.
Информацијата за нападот, со помалку детали за Инфомакс ја потврдија и од МВР.
“Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштад Македонија бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот” – велат од МВР за Инфомакс.