Македонските ракометни надежи победија и во вториот натпревар во групата Ц на Светското првенство за ракометари до 21 година кое се одигрува во Алжир.
Во вториот натпревар падна аутсајдерот Буркина Фасо со резултат 48:20 (23:8) на полувремето.
Со двата добиени меча, во вторникот против Русија и овој рутински вечерва, Македонија се наоѓа на врвот на табелата.
Македонија веќе утре со почеток од 18 часот го игра третиот дуел против Тунис, кој загуби од Бразил во второто коло.
До крајот на групната фаза младите Македонци покрај со Тунис ќе играат уште со Шпанија и Бразил.