Кога ќе се спомне масажа, многу луѓе веднаш помислуваат на уживање и опуштање.
Меѓутоа, во Тајван имаат специфична метода на масирање која изгледа навистина застрашувачки. ВО прашање е античка терапија која се применува веќе 13 години, а корените ги влечи уште пред 2.500 години.
Професионални масери користат остри сатари, кои нежни ги притискаат на човечкото лице и тело, а сечилото од телото го дели само еден танок материјал.
Наводно со оваа масажа се ослободува негативната енергија од телото.
Дали би пробале?
А/Г/