Грчки знамиња во Австралија запалени од масло од неисправен пајак ?!

Македонците од Австралија испратија порака: ” Македонија има едно име, еден јазик и идентитет и нема да дозволиме некој да ги распродава овие свети нешта за народот”.

Македонците кои се собраа во Сиднеј, ја пееја националната химна и маршираа низ улиците, извикувајќи “Македонија”.

Дејли мејл Австралија, известува дека протестите се против негирање на македонското име и идентитет и за подигнување на свеста за борбата за зачувување на македонскиот идентитет и името Македонија.

Во центарот на Сиднеј биле забележани и запалени грчки знамиња, за кои, како што тврдат очевидци, виновен е неисправен пајак.

Се надеваме дека не е истиот “агресивен” пајак кој пред неколку дена натепа полицајка во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.