“Во времето додека тој е градоначалник има завршено над 1.000 проекти, само во овие четири години има изградено 200 километри канализациона мрежа и водоводи, околу 50 километри пат. Има изградено три училишта, четвртото сега со гради, има изгадено, нешто со помош на владата, нешто сам, четири спортски сали и уште поголем број на други работи, кои се важни за инфраструктурата на градот, за поквалитетно живеење на граѓаните на Прилеп и мислам дека е неспоредлив на било кој пред него и има уште многу работи да ги завшри, кој што се во неговите планови”, изјави Груевски.
Тој напомена дека водоводите, канализационите, патиштата се навистина важни, но според Груевски најважно од се е што градоначалникот посвети големо внимание на отворање на нови работни места, на созадавање услови да се отворат нови работни места, а тоа се индустриската зона Прилеп 1, каде веќе има изградени пет нови фабрики, четири се во тек на градба, додека десетина се подготвуваат во наредните месеци да почнат со градба.
“Слушнав дека веќе се во продажба и локациите во Прилеп 2, а се планираат уште три зони. Знаеме сите дека се градат или се изградени изградени три фабрики во технолошко-индустриската развојна зона, каде вкупно ќе се вработат 3.250 луѓе. Тоа е најважниот дел, на луѓето пред се им треба работа”, изјави Груевски.