Груевски: Владата на СДС и Заев се откажува од 60-тина странски компании и над 25.000 работни места со кои бевме во преговори, потребна е акција сега

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-конференција истакна дека СДСМ се откажува од речиси шеесетина странски компании со кои владата на ВМРО-ДПМНЕ била во сериозна и длабока фаза на преговори. Компании кои како што рече Груевски, доколку се реализираат во Македонија ќе отворат 25.000 нови работни места.

nikola-gruevski-1-640x355

-Владиниот тим беше во комуникација со неколку стотици компании за нивно инвестирање во Македонија, но во сериозна и многу длабока фаза на разговори бевме со речиси 60 тина компании кои доколку не бидат попречени, или на било кој начин одвратени, особено преку овие новини кои ги најави владата и севкупно со новиот однос и пристап, овие инвеститори ќе донесат потенцијално над 25.000 нови директни вработувања. Секако и голем број индиректни работни места.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги опиша сите компании, областите во кои работат, во кој дел од Македонија биле заинтересирани и колку нови работни места планира да отворат. Посочи дека од Владата на СДСМ потребна е работа и акција сега.

– Веројатно да останеше владата на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме дел од овие ќе беа започнати, а сигурно уште десетина  нови  ќе се најдоа на овој список на инвестиции во длабока фаза на договарање. Потребна е работа и посветеност.  Најголема загуба ќе биде за граѓаните и државата доколку вложениот труд не биде надограден и продолжен. Државата нема време за губење, а реализацијата на овие инвестиции ќе значи најмалку дуплирање на досегашната заработка на многу домашни компании и зголемување на извозот на државата што значи повеќе пари во буџетот, нагласува Груевски.

 

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.