Невиден хаос во градскиот превоз. На температури од -15 степени граѓаните премрзнати чекале градски автобус и на крајот разочарани ги напуштале постојките.
Како што коментираат редовните корисници на овој вид превоз повеќе нема ни точност ни редовност на линиите.
Сите очекуваа бесплатен превоз за пензионери во текот на цел месец, исто и за студенти и социјални случаи, но ништо од тоа.
На крајот дојде ситуација да нема речиси никаков превоз. Револтирани граѓаните го повикуваат градоначалникот да излезе од удобното возило и барем еднаш да ја почека популарната 3-ка кога ќе дојде.
Истото важи и за прилепскиот директор на Иннспекторат за земјоделие кој набави нова Шкода од 32.000 евра.
Не сме сигурни дали функционира и бесплатниот превоз за ученици од населбата “Три багреми”.
Новиот живот во пензија ќе го однесе и градскиот превоз и градот за жал?!