Го крстиле детето Доналд Трамп, мислеле ќе им донесе среќа, но наместо тоа роднините ги протерале (видео)

Асадулах Поја морал да се исели со семејството во Кабул, откако на детето му дал немуслиманско име по што бил остро критикуван од соседите и роднините, а почнал да добива и смртни закани.

Во периодот кога го добил третото дете во август 2016 година, Поја го читал преводот на книгата „Трамп: Како да се збогатите“.

Тој тогаш помислил дека тоа е соодветно име за неговиот син.

– Тогаш си реков: „Тоа е голем човек!“, потенцира Поја.

Овој Авганистанец, кој без размислување му дал име на синот по Трамп, се надевал дека тоа ќе му донесе среќа, но за жал тоа не се случило.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.