Нов пожар во Македонија! Гори атарот на прилепското село Царевиќ. Се работи за село кое се наоѓа на 25 километри од Прилеп и е сместено во ридско -планински предел.
Според фотографиите кои ги добивме се работи за силен пожар кој веројатно ја има зафатено дабовата шума кој се наоѓа во близина на селото.
И додека пожарите полека ја зафатија целата држава и прават пепел се пред себе, власта спие, а премиерот Заев се занимава со презентирање на законот за двојазичност во Охрид.
Состојбата со пожарите во Македонија е критична, а според информациите од социјалните мрежи пожарите кои беснеат на територијата на Македонски Брод веќе пеплосаа и неколку куќи во селото Могилец.
А/Г/