Велешанецот Ведран Ќосевски кој го брани голот на Железничар од Босна и Херцеговина денеска направи еден неверојатен потег, постигнувајќи погодок речиси од гол на гол.
Ударот на младиот македонски голман во 93-та минута донесе бод за екипата на Железничар која го задржа водството на врвот на табелата пред второпласираниот Зрињски.
Овој потег на 22-годишниот голман за кратко време се прошири по сите социјални мрежи и медиуми на Балканот.