Крадците провалиле во куќата на Поповиќ, го украле сефот со скапи часовници, накит и документи. Вилата во тоа време била празна. Крадците знаеле дури дека ќерката на Саша во тоа време го слави деветнаесеттиот роденден.
Непознатите лица, за кои се смета дека се дел од српската естрада, пред два дена упаднале во вилата на Саша Поповиќ и украле сеф во кои имало 10 скапи часовници во вредност од 100.000 евра.
Како што пренесува српски Курир, крадците одзеле и мала количина на накит и важни документи на сопственикот на “Гранд”.
Од полицијата ветуваат дека повеќе детали ќе бидат споделени денес.