ГОТОВА Е УШТЕ ЕДНА ЕРА: Владимир Кличко ја заврши кариерата

profimedia-0210998272

Како што пренесува реномираниот германски портал Билд, Владимир Кличко ја заврши кариерата. Тоа значи дека од одмаздата кон Ентони Џошуа нема да биде ништо.

Тој на 29 август го имаше последниот меч, кога во 11-та рунда имаше технички нокаут од Џошуа.

Легендарниот 41-годишен Украинец, 11 години не е поразен во профи ринг и се смета за еден од најдобрите боксери на 21 век. Ги загуби последните два меча, од Тајсон Фјури, па од Џошуа и остана без појаси во супер-тешка категорија. Кличко за ноември имаше закажано реванш со Ентони Џошуа во Лас Вегас, но одлучил да се повлече.

petta

За Украина освои злато на Олимписките игри во Атланта 1996 година, а исто така има сребро од Европското првенство од истата година. Првиот пораз во кариерата го доживеа на 25 години и тоа од Американецот Пуритиј 1998 година, а после тоа го победувале Сандерс, Фјури и Џошуа. Кличко беше двократен светски шампион во тешка категорија.

cetvrta

treta

vtora

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.