Во натпреварот од четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига Победа успеа да освои бод на тешкиот стадион во Тетово против Шкендија. Во ефикасен натпревар Шкендија и Победа одиграа 3:3 (2:1 на полувремето).
Во 16-тата минута Најдоски погоди за 0:1 и рано водство за прилепчани, Шкендија возврати преку Емини во 30-тата и Ибраими во 43-тата минута, за 2:1 на полувремето.
На стартот од второто полувреме Победа жестоко возврати, па преку два брзи голови на Цветеноски во 49-тата и Гешоски во 53-тата минута стигна до повторно водство.
И кога трите бода се насмевнуваа за Победа, Абдурахими стрелаше во 87-тата минута и беше најзаслужен за тоа што Шкендија успеа да освои бод и да се извади пред своите навивачи.
Сепак овој резултат е значаен за победашите, колку и да жалат за прокоцканиот триумф.
Во наредното коло на стадионот на Могила, Победа ја пречекува екипата на Академија Пандев, која денес стигна до вториот триумф против Ренова.
Во продолжение голот на Гешоски за водство на Победа од 2:3