ГИ ЗАСЛУЖИЈА ЛИ СИТЕ ЛОШИ ЗБОРОВИ!? Хуманитарната организација Св. Гаврил од Сиднеј досега помогнала на 120 болни лица од Македонија

Хуманитарната асоцијација “Св Архангел Гаврил” од Сиднеј е формирана во 2011 година.

Под мотото “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”, досега луѓето од оваа организација помогнале на 120 болни лица од Македонија – објави австралиското Ес-Би-Ес радио.

Асоцијацијата во 2014-та година беше добитник на специјалната повелба од претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, за чување и промовирање на македонскиот јазик, историските, културните и духовните традиции и вредности во светот како и придонес во односите меѓу Австралија и Р. Македонија.

Оваа организација е еден од стотиците примери зошто треба да ги цениме нашинците од дијаспората и зошто не ги заслужуваат сите негативни коментари што ги упатуваме кон нив.

На линкот во продолжение слушнете го целото гостување на Претседателката на асоцијацијата Татјана Неделкоска во радиото “Ес-Би-Ес”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.