Фотографиите доаѓаат од дворот на детската градинка “Гоце Делчев” во Прилеп. Оваа слика е секојдневна веќе некое време, а граѓаните кои живеат во околните куќи реагираа до нас.
Загрижени се и родителите кои секојдневно поминуваат тука кога ги носат своите најмали во градинка.
Ѓубре има речиси насекаде. Полни контејнери, расфрлани пелени, пластика, остатоци од храна и што ли уште не.