ГАЛЕРИЈА: ”Депонија во центарот на градот! Народот не памети ваква нехигиена 12 години!?”

Што е ова што му се случува на Прилеп?! Каква е оваа грозна слика и тоа во централното градско подрачје која станува се почеста?!

Купишта ѓубре, кучиња скитници цели чопори, кратери по улиците…. тотална негрижа!

Вакво нешто во градот не се памети од пред 12 години.

Наместо “нов живот” и уште подобри услови за живеење на сите, прилепчани секојдневно гледаат нешто спротивно!

Градот им тоне во нова црна дупка, нешто што го заборавија, нешто за што мислеа дека е минато и никогаш нема да се повтори.

На само неколку чекори од самиот строг центар на градот ваква е сликата. Ова е простор покрај кој секојдневно поминуваат стотици граѓани.

Ова е срамота за град кој тежнееше да се развива во модерна и урбана европска средина, град во кој постојано се вложуваше и беше прогласен за најчист во целата држава.

Сето тоа поради негрижата на новите локални власти се руши како кула од карти.

Депонии никнуваат секојдневно, а најжално е тоа што вакво нешто се случува токму во централното градско подрачје.

Прилепчани молат Бога да не го изгубат сето она што со години се создаваше, сето она што им ја врати љубовта во местото каде живеат.

Вака изгледаше малото богатство на Прилеп. Дали ќе се зачува или ќе се остави да тоне, ќе видеме сите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.