Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети н.м Ореовец каде се одбележува, вториот ден од празникот Духовден.
„Славејќи го овој голем ден, на Вас и на сите верници Ви посакувам мигови на разбирање, милосрдие и бериќет во секој дом“, посочи Ристески во неговата изјава.
Божествена Литургија во храмот посветен на Св. Димитриј во н.м Ореовец ја оддржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар кој ги поздрави присутните им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет во нивните домови.
Градоначалникот Ристески присуствуваше и на традиционалниот ручек заедно со сите верници.