Вработените во прилепскиот “Eурокомпозит” го реактивираа штрајкот

4364

Околу 250 вработени во прилепскиот “Еурокомпозит” 11 Oктомври повторно на штрајк. Како што велат од синдикалната организација на оваа компанија, не е испочитувана Спогодбата потпишана на 28 јуни помеѓу Владата, генералниот директор и Гранскиот синдикат за индустрија, енергетика и рударство за навремено исплаќање на платата.

Според оваа спогодба вработените во компанијата требало до 25 јули да добијат плата за месец јануари годинава.

Синдикалната организација бара од Владата итно да се реши ситуацијата во последниот загубар во државава.

 

Доколку ова барање на вработените не си исполни, тие се подготвени на порадикални чекори.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.