Во центарот на Белград оружје, дрога и човечки органи изложени на штанд: Граѓаните вчудоневидени ги гледаа луѓето со фантомки (ФОТО+ВИДЕО)

beograd-dom-sindikata-parodija_800

Белград – Граѓаните синоќа биле запрепастени од погледот пред Домот за млади  во центарот на Белград, каде на дофат биле изложени дрога, оружје и човечки органи.

За среќа, се работи само за реплики, кои ги поставиле противниците на одржувањето на фестивалот “Meрдита” (Добар ден) во Домот за млади.

2

Исто така, на штандовите биле поставени и маици со натписи УЧК, а во позадина стоеле мажи кои носат фантомки.

3

Членовите на српското здружение “Заветници”  синоќа го прекинаа перформансот во Домот за млади во Белград, на фестивалот “Мердита – добар ден”.

4

Неколкумина членови на здружението успеале да влезат во салата во која се одвивал перформансот кој алудира на силувањето на Албанките од српските војници и искажале протест поради големоалбанската пропаганда во Белград.

6

А.Г.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.