Во недела ќе се утврдува редоследот на групите и екипите за Светиниколскиот турнир – “Комфи Ангел” и оваа година покровител

Со жрепка, која ќе се одржи во недела со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Припеп ќе се утврди редоследот на групите и екипите за учество во турнирот во мал фудбал „Свети Никола“. Турнирот е дел од настаните кои што се одржуваат по повод чествувањата за патрониот празник на Прилеп и убава традиција која ја започна претходната локална власт предводена од доскорешниот градоначалник Марјан Ристески.

Компанијата „Комфи Ангел“ како општествено најодговорна компанија во нашиот град и оваа година е иницијатор и традиционален поддржувач на турнирот.

Турнирот има хуманитарен карактер. Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на Центар за деца со церебрална парализа.

Ќе учествуваат најмалку 32 екипи, пионери (родени во 2004,2005,2006 и 2007 г.) сениори и ветерани (над 40 години).

Досега се пријавени околу 30 екипи од сите категории, пионери, сениори и ветерани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.