Во Охрид се одржа BJJ “Black Belts Camp” – 2017, предводен и од светски познатиот прилепчанец Проф. Роберт Наумоски

2

Се одржа традиционалниот камп за бразилска џиу-џица, кој оваа година беше предводен од 2 црни појаси во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски и Проф. Стефан Криег – првиот австралијанец кој освоил златен медал во граплинг на едно од најсилните светски натпреварувања кое секоја година се одржува во Абу Даби.

Официјалниот дел од семинарот се одржа во саботата и неделата.

3

Во саботата се одржа утрински тренинг со членовите од клубовите за БЏЏ “ROOTS BJJ” каде што Проф. Наумоски и Проф. Криег покажаа неколку интересни и лесно применливи техники. Во вториот дел учесниците имаа можност да направат спаринг со Проф. Наумоски, Проф. Криег и останатите повисоки појаси кои учествуваа на семинарот.

4

Во вечерниот термин од 17 – 20 часот се одржа официјалниот семинар за бџџ со кимоно. Беа прикажани и увежбувани техники од стоечка позиција, техники на превртување од гард итн.

По 14 години активен тренинг во својот матичен клуб во Австралија, Проф. Наумоски му го додели црниот појас во БЏЏ на Таше Трајковски.

5

Во неделата учесниците имаа чест да учат од еден светски шампион во Но Ги, Проф. Стефан Криег. Тој демонстрираше извонредни техники, лесно применливи, покажа неколку дрилови за увежбување на техниките.

На ММА семинарот Проф. Наумоски покажа теники кои се неопходни кога борецот е во гард (долна позиција).

6

Радува фактот што БЏЏ се повеќе е прифатена и од понежниот пол и на овој семинар девојките земаа значајно учество.

1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.