Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни маси, претежно од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално особено во јужните делови на земјава се очекува да наврнат изобилни количини на воден талог, особено в недела и во вторник. Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 степни.