Вознемирувачка статија на “Њујорк Тајмс”: “Балканот ќе биде територија за воени игри помеѓу САД и Русија”

Угледниот американски весник “Њујорк Тајмс” во неговото издание во вторникот објави опширен текст во кој пишува за сите ладни односи помеѓу двете најголеми светки сили САД и Русија, а важна улога во целата таа приказна играат државите на подрачјето на Балканот.

Всушност, според тврдењето кое го изнесува “Њујорк Тајмс”, Балканот ќе послужи како пробен терен за воените игри помеѓу Трамп и Путин.

Потсетуваат како Босна и Херцеговина беше колевка на Првата Светска војна, а со тоа и клучна точка на Балканот која секогаш имала големи жртви како резултат на судирите на големите светски сили, вкучувајќи и одамна изумрените царства и империи.

Стивен Ерлангер, шеф на дописништвото на весникот во Брисел, пишува како што на Балканот се надмудруваат Западот со Русија, така се повеќе има потенцијал да се воведе нова нестабилност во регионот кои и понатаму се опоравува од војните.

Во освртот на целокупната ситуација што се однесува на РУсија и Сад и на балканското подрачје во преден план, “Њујорк Тајмс” истакнува дека ситуацијата на Балканот најслична е на онаа во Украина.

Потсетуваат дека Русија најпрво прифатила Киев да се приближи кон ЕУ, но не и кон НАТО, а потоа го променила ставот. Русија го шири своето влијание во земјите кои се надеваат на влез во Европска Унија, поради што Брисел ги интензивира своите планови за проширување, се вели во статијата.

Марк Галеоти, виш истражувал во Институтот за меѓународна соработка во Прага истакнува дека Русија го доживува Балканот како боиште во својата “политичка војна” настојувајќи да засмета во потенцијалните преговори со ЕУ.

“Политиката на ЕУ генерално беше да се одржи Западен Балкан мирен. Тоа е многу опасно и создава совршено опкружување во кое Москва игра своја игра”, рекол Галеоти, пишува “Њујорк Тајмс”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.