Внимавајте што јадете- оваа храна ги уништува забите!

Секој сака да има убава и блескава насмевка, но одредени видови храна влијаат врз бојата на забите. Токму затоа треба да знаеме кои се овие намирници и да ги јадеме во умерени дози, а после јадење задолжително да ги миеме забите.

Крекери

Кој би помислил дека крекерите котираат високо на листата со храна што штетно влијае на забите? Многу видови крекери се произведени од рафинирани јаглехидрати кои се претвораат во шеќер и на тој начин се претвораат во храна за бактериите што ги бојат забите.

Балсамико оцет

Овој течен, обиен зачин полн со оцет што најчесто се додава во салати, за жал негативно влијае на белината на забите. За да го намалите неговото штетно дејство, користете го умерено.

Кисели краставички

Лоша вест за обожавателите на кисела туршија. Токму киселината од ваквите краставички може да ја оштети глеѓта на забите и да предизвика промени на бојата.

Кафе и чај

Љубителите на овие два пијалаци може да завршат со пожолтени заби, особено ако претеруваат со пиење кафе и чај.

Доматен сос

Повторно киселина. Киселината во доматот, но и неговата боја може да предизвикаат темнење и ерозија на забите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.