Владиката Петар од МПЦ одлучно против педофилијата и хомосексуалните бракови (ВИДЕО)

– Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, рече Владиката Петар.

 

piter

Да внимаваме во каков дух ќе ги воспитуваме идните генерации, дали ќе ги учиме на вистинските вредности или на нешто друго, апелираше денеска Владиката Петар од дворот на манастирот Свети Јован Крстител во селото Слепче на отворањето на демирхисарското културно лето. Ако ни се нудат еднополови бракови тогаш бракот не е ништо, рече Владиката Петар.

-Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, изјави Владиката Петар. Тој посочи дека тоа силно ќе се одрази на вредносниот систем на младите.

Владиката Петар истакна дека и на Запад каде што односот кон ваквите прашања е полибирален сепак се наоѓа начин да се постави граница, при што го наведе примерот на Ангела Меркел и нејзиното одбивање да гласа за еднополови бракови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.