Владеачката коалиција во Унгарија, која на изборите освои две третини од мандатите во Парламентот, ќе може слободно да го изгласа законот “Стоп Сорос”, кој ќе ги забрани активностите на про-миграционите невладини организации, изјавил денеска координаторот на пратеничката група на партијата “Фидес” во парламентот, Јанош Халас.
До крајот на месецот парламентот ќе продолжи со работа, рекол тој и додал дека овој закон може да биде усвоен веќе во мај, пренесува “МTI”.
“Никој нема сомнеж – тоа е прашање на суверенитетот и безбедноста на државата”, додал тој.
Говорејќи за изборните резултати, според кои партијата освои 133 месета во парламентот, Халас изјавил дека се воодушевени, како и тоа дека граѓаните сфатиле дека се работи за “судбоносни избори”.