На 31.01.2018 година со почеток од 20:00 часот, во центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп ќе се случи вистинска АТРАКЦИЈА.
Претставата која ги исполни салите во регионот и до бескрај го насмеа Балканот, “Свингери”, ќе се одигра и пред прилепчани.
Актерите од Србија Јелена Ѓукиќ, Даниел Ковачевиќ, Мариана Аранѓеловиќ и Михаило Лаптошевиќ, ќе бидат “виовници” за одлична забава, која се случува еднаш и кој знае кога пак.
Се работи за оригинална и контроверзна комедија која благодарение на “Стенд-ап Македонија”, ќе ја гледаме во Прилеп.
Влезниците се по цена од 300 денари и истите можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се: https://www.kupikartizase.com/Events/svingeri_2018 или во “Тобако Плус” во центарот на Прилеп.
Информации и резервации на телефонскиот број: 071/684-973