Пред три дена во главниот град на Украина, Киев, се одржа марш на таканаречената „Национална Дружина“ која делува како паравоена формација на боиштата во Донбас, а ја следи идеологијата на наци-фашизмот во најчиста форма.
Следбениците на украинскиот нацистички колаборатор Степан Бандера, вчера маршираа низ улиците на Киев, истакнувајќи нацистичка иконографија и користејќи го добро познатиот нацистички поздрав.
„Национална Дружина“ е нео-нацистичка организација која дејствува како паравоена структура на боиштата во Украина, која во активните денови на конфликтот распнуваше живи луѓе, а потоа живи ги палеше.
Палеа и цркви, споменици, но и болници и училишта. Истите беа дел од „ЕвроМајданот“ и силно поддржани од САД и Европската Унија.