Вечерва со положување цвеќе на спомен обележјето во манастирот Св. Петка во с. Лениште и со вечерна литургија, започна одбележувањето на 16-годишнината од трагичната смрт на десеттемина прилепчани – резервисти, кои за време на војната во 2001 година на свиреп начин беа убиени.
На поканата на Здружението на учесници на “Карпалак” и Општина Прилеп се одзваа голем број граѓани кои вечерва беа присутни во манастирот и се помолија за мир на покојните, како и таквите настани уште еднаш да не се повторат.
Утре одбележувањето ќе продолжи со следната агенда:
Во 6:00 часот, тргнување за Карпалак од пред влезот на старата општинска зграда.
Во 07:30 положување цвеќе на гробовите на погинатите борци
Во 10:00 часот Панихда во црквата Св. Петка во населбата Точила
Во 12:30 часот одбележување на настанот пред спомен комплексот “Kaрпалак” во центарот на Прилеп.
На 08.08.2001 година кај месноста Карпалак беа убиени:
Сашо Китаноски
Нане Наумоски
Бранко Секулоски
Марко Деспотоски
Ердован Шабаноски
Љубе Грујоски
Дарко Вељаноски
Веби Рушидоски
Горан Миноски
Пеце Секулоски