Шивон Перез го повикала своето поранешно момче на вечера во својот стан и го замолила да ја поправи цевката во тоалетот која била расипана.
Велигденската вечера се претворила во пекол за маж од американскиот град Алтамонт Спрингс на Флорида, откако неговата поранешна девојка го запалила и оставила да изгори.
Шивон Перез го повикала своето поранешно момче на вечера во својот стан и го замолила да ја поправи цевката во тоалетот која била расипана. Кога легнал тој на подот за полесно да ја поправи цевката, Перез го полила со бензин и запалила.
Woman set ex-boyfriend on fire after inviting him over for Easter dinner, cops say https://t.co/OZpR1oH1xL
— Fox News (@FoxNews) April 4, 2018
Потоа го заклучила и пробала да го задржи да не излезе од куќата, но тој на среќа успеал да побегне. Однесен е во болница со тешки изгореници на градниот кош, вратот и лицето.
Перез е уапсена после излегувањето од болница, каде завршила поради голтањето чад. Таа е обвинета за убиство со предумисла.