Mладата ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, вечерва со почеток од 19:30 часот го игра дуелот против Франција од четвртфиналето на Светското првенство во Алжир.
Македонија со досегашниот настап на ова натпреварување направи историски успех со самиот пласман во осминафиналната рунда, каде синоќа со цврста, дисциплинирана игра во одбраната и со срце на терен, нашите млади херои го поразија домаќинот Алжир.
Франција е секогаш тежок противник, без разлика дека се работи за младата репрезентација, во овој француски состав играат квалитетни играчи од Барселона, ПСЖ и Нант.
Меѓутоа, својата супериорност Франција не ја покажа во својот осминафинален натпревар, каде со само 3 гола разлика ги совлада Фарските Острови.
Maкедонија може и Македонија знае како да одигра и вечерва, особено тоа го докажа Филип Талески за кого Французите ќе мораат крајно да се испотат за да го запрат.
НАПРЕД МОМЦИ !
А/Г/