Прилепчани за утре со почеток од 12 часот најавија нов протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците во центарот на градот.
Охрабрени од вечерва кога голем број граѓани излегоаа и го кренаа гласот против воведувањето двојазичност во нивниот град, веќе за утре најавуваат уште помасовен протест.
Пораките кои ќе бидат пренесени и утре напладне се исти: Повлекување на контроверзниот Закон, oставка на Владата и нови избори.